26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Нејмар конечно заигра како што треба: гол и асистенција за капитенот (Видео)

Нејмар конечно се израдува на погодок во дресот на Сантос, и тоа во победата над Депортиво Феровиара со 3:1. Ова беше пријателски меч, а Нејмар погоди од пенал за водство од 1:0.

Потоа Нејмар имаше и асистенција за водство од 2:0, а бразилскиот тим до крајот на дуелот постигна уште еден погодок, но еднаш и ја вадеше топката од својата мрежа.

„Се чувствувам многу подобро од тоа што бев кога пристигнав во тимот. Нема никаква споредба со тоа како се чувствувам сега и како бев минатата година. Сега треба да ја подобрам физичката подготвеност и да влезам во ритам за да ги сменам работите на подобро“, задоволно коментираше Нејмар.

 

- Оглас -

Најнови вести