Нејмар може да заборави на враќање во Барса, еве и зошто

Пандемијата со Корона-вирусот и тоа како му го расипа камбекот на Нејмар во Барселона, а за целосно да заборави на тој сон ќе придонесе и ПСЖ. Наводно, францускиот првак подготвува нов мегадоговор за најскапиот светски фудбалер според кој би се задржал во Париз до јуни 2025 година.

Сумата која Нејмар ќе ја заработува на годишно ниво доколку ја прифати понудата е вртоглава – 38 милиони евра! Дополнително ќе се разговара околу бонусите, но прашање е дали и овој богат договор ќе биде доволен за Нејмар да остане во француската престолнина.

- Оглас -

Најнови вести