Нејмар може да здивне, повлечени тужбите против Бразилецот

Шпанското обвинителство ги повлече сите обвиненија за корупција и измама против Нејмар. Со ова е ставен крај на судскиот спор што се води во Барселона поради наводни финансиски малверзации при неговиот трансфер од Сантос во каталонскиот тим во 2013 година.

Шпанското обвинителство првично бараше две години затвор и парична казна од 10 милиони евра за актуелниот фудбалер на ПСЖ, но денеска обвинителот најави повлекување на обвиненијата против сите обвинети за сите случаи.

За овој случај, покрај Нејмар, обвинети беа и неговите родители, потоа двајца екс ретседатели на Барселона, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешниот претседател на Сантос, Одилио Родригес Филјо.

Кривичната постапка ја иницираше бразилската инвестициска компанија ДИС, која поседуваше 40 отсто од правата на Нејмар. Сантос за продажбата на Нејмар доби 17,1 милиони евра, а на ДИС ѝ беа исплатени 6,8 милиони евра, но инвестициската компанија го покрена спорот бидејќи се сомневаше дека Барселона, Нејмар и бразилскиот тим ја прикриле вистинската вредност на трансферот.

Барселона трансферот на Нејмар го процени на вкупно 57,1 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести