6.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Нејмар може веднаш да ја заврши кариерата, се зависи од една одлука на еден важен човек

Еден од најталентираните фудбалери на својата генерација, Нејмар се наоѓа пред животна и кариерна раскрсница. Според најавите, Бразилецот чека една одлука која може да биде многу важна за него, дури и клучна околу тоа дали ќе продолжи да игра фудбал или ќе замине во фудбалска пензија.

Најавите се дека Нејмар сериозно размислува за крај на кариерата, а се е поврзано со едно важно натпреварување. За само четири месеци ќе се игра Светското првенство, а Нејмар има огромна желба да биде дел од бразилската репрезентација. Се шпекулира дека доколку не биде повикан во репрезентативниот состав за настап на Мундијалот, Нејмар може да стави крај на целата кариера.

Ако не биде дел од националниот тим на СП 2026, разочарувањето кај Нејмар би било огромно разочарување. Клучната одлука за тоа дали ќе игра на Мундијалот во САД, Канада и Мексико е на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.

Италијанскиот стратег пред неколку месеци беше назначен за предводник на  петкратниот светски првак во скоро време треба да го објави првичниот список на фудбалери кои би конкурирале за место на планетарниот собир.

Освојувањето на светската титула останува главна неостварена желба на Нејмар, а секако дека ако биде повикан во репрезентацијата, ќе има шанси да се бори за трофејот на СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести