ПСЖ продолжи да ги декласира противниците во Лига 1, по стартните 5-0 над Клермон, вечерва настрада Монпелје со нова „петарда“ 5-2.
Нејмар го предводеше шоуто во Париз со два гола, продолжувајќи со одличниот старт на новата сезона во која веќе има по три гола и асистенции. Мбапе прво промаши пенал во 23-тата минута, а потоа го натера Сако да постигне автогол за 1-0 во корист на ПСЖ.
Домаќините добија нова прилика за најстрога казна, исто поради играње со рака, а овојпат Нејмар му покажа на својот соиграч како се казнува од белата точка. Во вториот дел Бразилецот во 51-та минута заби за сигурни 3-0.
Мбапе во своето сезонско деби делуваше доста размазено на теренот. Во една ситуација му се налути на Витиња поради што истрча во простор, а не доби топка за да се продолжи контранападот.
Mbappé giving up and turning his back after not getting the pass he wanted from soccer
Сепак, се запиша во листата стрелци за недостижни 4-1 и негов прв погодок во сезоната. Санчес стигна до својот дебитантски гол во дресот на Парижаните за 5-1 во финишот од натпреварот. Чато ги постави конечните 5-2 во судиското надополнување.