Нејмар му пресуди на Олимпик Марсеј во големото француско дерби

Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Олимпик Марсеј во дерби-пресметката од 11-тото коло во Лига 1.
Светците до големата победа дојдоа благодарение на голот на Бразилецот Нејмар во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Со триумфот, ПСЖ повторно се осамостои на врвот на табелата со 29 бода, три повеќе од Лориен, пет од Ленс и шест од Олимпик Марсеј.

Првата шанса на натпреварот ја имаше ПСЖ преку Ашраф Хакими, но неговиот шут го одбрани голманот на гостите, Лопес. Лионел Меси беше расположен за игра, го диктираше ритамот, а во првото полувреме погоди и пречка од слободен удар.

Кога изгледаше дека на пауза ќе се замине без голови, Нејмар ги израдува домашните фанови.
Верати одзеде една топка на средината на теренот, веднаш му додаде на Витиња, кој го проигра Мбапе, а францускиот репрезентативец му асистираше на Нејмар за голот.

Гостите можеа да израмнат во 52-рата минута, но Амин Арит не успеа да го совлада Донарума. Надежите на Олимпик Марсеј дека ќе дојде до израмнување беа угасени во 72-рата минута, кога Жиго го фаулираше Нејмар и заработи црвен картон.
Светците до крајот на средбата рутински ја задржаа предноста и се осамостоија на чело на табелата.

- Оглас -

Најнови вести