Нејмар на тренинг на репрезентацијата дојде со хеликоптер, а селекторот го „олади“ со лоша вест!

Најдобриот бразилски фудбалер и надвор од фудбалските терени сака да докажува дека е главен во својата репрезентација, па се издвои од останатите колеги со тоа што на првиот собир на „кариоките“ дојде со хеликоптерот кој си го купи неодамна.

Нејмар потроши 13 милиони евра за својот хеликоптер „Ербас Х-145“, кој собира 11 лица и може да развие максимална брзина од 248 километри на час. Хеликоптерот е црн, а со бело букви ги има иницијалите на фудбалерот.

Уште на првиот собир, Нејмар беше непријатно изненаден од селекторот Тите, откако му беше соопштено дека нема да биде капитен на Копа Америка. Таа чест му е дадена на искусниот дефанзивец, Дани Алвеш.

https://twitter.com/CBF_Futebol/status/1133157944147812357

Бразилската репрезентација е на тренинг камп на 90 километри од Рио де Жанеиро, а како домаќини на Копа Америка од нив се очекува злато. Се друго би било неуспех. Надежите на Бразил се насочени кон Нејмар, кој и другпат доаѓал со хеликоптер, но изнајмуван, а сега првпат има со своја сопственост вакво летало. Нејмар има и приватен авион од 12,2 милиони евра, кој го користи за подолги релации.

За време на престојот во Бразил, Нејмар се сретна со младиот Винисиус, кој не доби повик во составот. Дали сликата е поддршка за Винисиус, или можеби Нејмар повторно флертува со Реал Мадрид, само тој си знае.

- Оглас -

Најнови вести