Нејмар на удар на криминалците, се обиделе да ги киднапираат неговата девојка и ќеркичката

Најголемата фудбалска ѕвезда Нејмар е во шок откако денеска во неговата татковина имало обид да се киднапираат неговата ќеркичка и девојката Бруна.

Обидот се случил утринава во Сао Пауло, а за време на упадот на киднаперите во домот на Бруна Бјанкарди биле нејзините родители. Тие од полицијата биле пронајдени врзани, но не биле повредени.

Полицијата успеала да уапси еден од криминалците, а останатите избегале со украдениот накит што го зеле од домот на девојката на Нејмар. Според медиумите, тие упаднале во домот со цел да ги киднапираат Бруна и ќеркичката Мави. За нивна среќа, тие не биле во домот.

„Утринава ја ограбија мојата куќа и ги задржале моите родители како заложници. Јас, Мави и сестра ми повеќе не живееме таму и не бевме во куќата за време на нападот. Му благодарам на Бог што родителите се добро. Украдените работи ќе ги вратиме, а најважно е што сите се безбедни и очекуваме сите кои учествувале во нападот да бидат уапсени“, напиша Бјанка на социјалните мрежи.

Неколку часа подоцна се огласи и Нејмар.
„Денеска добив две лоши вести. Првата е за нападот на родителите на Бјанка, но фала му на Бог, сè заврши добро. Втората е за смртта на моја пријателка. Сочуство до нејзиното семејство“, напиша Нејмар.

Ова е втор обид за киднапирање на семејство на фудбалска ѕвезда во Јужна Америка во последните неколку дена. Пред неколку дена во Колумбија беа киднапирани родителите на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијас. Полицијата успеала да ја спаси неговата мајка, додека киднаперите сè уште како заложник го држат неговиот татко.

- Оглас -

Најнови вести