8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Нејмар најави дека би можело да се пензионира на крајот на 2026 година

Ѕвездата на Сантос, Нејмар, не одговори конкретно на прашањето за неговата иднина откако ќе му истече договорот со клубот во декември 2026 година и најави дека можеби и ќе се пензионира.

„Не знам што носи иднината. Моето срце ќе одлучи. Можеби ќе сакам да се пензионирам во декември. Живеам ден за ден. Оваа година ќе биде одлучувачка не само за Сантос туку и за бразилската репрезентација, а и за мене лично“, рече Нејмар. 

Нејмар, кој закрепна од операција на менискус, викендов го одигра својот прв меч во 2026 година. Најголема желба му е да игра на Светското првенство, ова ќе му биде последна шанса да освои Мундијал.

Но, прво ќе треба со своите игри да покаже дека е спремен и да се наметне кај селекторот Карло Анчелоти. Ако Нејмар е 100% фит, ќе биде повикан да игра на СП, најави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести