Бразилската ѕвезда, Нејмар, во јануари 2025 година се врати во Сантос, но не се изнаигра поради големите проблеми со повредите. Сега успешно закрепнува од операцијата на коленото и се уште сонува за настап на Светското првенство летово во САД, Канада и Мексико.
Нејмар веќе одигра едно полувреме за Сантос во победата од 6-0 над Вело клубе и запиша асистенција, но најави дека можеби ќе се пензионира на крајот од оваа година.
„Не знам што ќе се случува, не знам што ќе биде ниту следната година. Можеби ќе се пензионирам во декември. Во моментов размислувам година за година. Оваа година е многу важна, не само за Сантос, туку и за бразилската репрезентација, бидејќи се игра Светското првенство, но и за мене лично.“ – рече Нејмар.

