Бразилецот Нејмар му недостасуваше на Пари Сен Жермен, поради повреда не играше на раваншот со Манчестер јунајтед, но си најде виновници.
Немоќно го следеше мечот во Париз, а особено шокантно за него и за сите во таборот на „светците“ очигледно беше одлуката на судијата Дамир Скомина со помош на системот ВАР да досуди пенал за гостите во самиот финиш.
Маркус Рашфорд беше прецизен, погоди за 3-1 за Манчестер јунајтед, резултат по кој ПСЖ е елиминиран, иако имаше голема предност од 2-0 од „Олд Трафорд“.
„Ова е срам за фудбалот. Ставиле четворица луѓе кои не знаат да погледнат ниту обична снимка. Пенал не постои. Како да ги стави рацете зад грб во ваква ситуација. Оде*те сите“, напиша Нејмар на „Инстаграм“.
Можно е да биде и санкциониран од УЕФА бидејќи вакви испади европската куќа на фудбалот не простува, но најболно за Нејмар и за неговите соиграчи е што повторно само ќе го сонуваат пехарот во Лигата на шампионите и покрај огромните вложувања на богатите шеици, кои се газди на клубот од Париз.