Нејмар намерно доби црвен картон за да може да оди на карневал? (Видео)

Агресивното однесување со кое како намерно да сакаше да го испровоцира судијата да му даде црвен картон, придонесе веднаш да се појават гласини дека Нејмар сакал да биде исклучен во финишот на средбата со Бордо за да биде слободен да замине во родната земја, каде што деновиве во тек е традиционалниот карневал во Рио де Жанеиро.

Нејмар и кога играше во Барселона, и сега во ПСЖ, секогаш наоѓа начини „како да фати кривина“ и да се појави на карневалот. Годинава карневалот трае до 26 февруари и најскапиот фудбалер на светот можеби повторно ќе оди до Рио да фати дел од атмосферата. Ако се појави во Рио, ќе нема дилеми дека намерно добил црвен картон.

Неодамна тој на „Инстаграм“ објави дека годинава нема да оди на карневалот, но можеби се премислил во последен момент. Или црвениот картон беше само од лутина што не е во Рио?

Сега за париските Светци постои уште една опасност. Нејмар никогаш не го пропушта роденденот на сестра му, а тоа е на 11 март. За 11 март е закажан дуелот на ПСЖ со Борусија Дортмунд од Лигата на шампионите.

Еве како Нејмар синоќа си заработи исклучување и неиграње на наредниот меч:

- Оглас -

Најнови вести