19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Нејмар намерно добил црвен картон за да може за Нова година да биде во Бразил?!

Ако се покаже дека е вистина тоа што се шпекулира, недисциплината на Нејмар ќе ги помести сите граници.

Бразилскиот ас синоќа на мечот на ПСЖ против Стразбур доби два жолти картони и беше исклучен, а вториот картон, кој беше само две минути по првиот, го доби поради симулирање и неуспешен обид за изнудување пенал.

Денеска на адреса на Нејмар стигнуваат обвинувања дека во главата му се само забавите и дека намерно добил црвен картон за да може Новата година да ја дочека на забава во родниот Бразил. Ако не беше исклучен, ќе мораше да остане во студениот Париз и да игра на 1 јануари против Ленс, а вака може да оди дома во топлите краеви и да се журка.

Од порано е познато дека кога сестра му има роденден, Нејмар секогаш или е повреден или добива црвен картон, па може да патува на прослава во Бразил. Сега се зборува дека пак направил „финта“ за да може за Нова година да биде во Бразил.

Проблем плус е што вториот картон ако биде окарактеризиран како неспортско однесување кое го урива ферплејот, Нејмар може да добие суспензија од 5 дури до 13 натпревари забрана за настап.

- Оглас -

Најнови вести