Нејмар наплаќа „дебело“ за да биде учтив и љубезен

Нејмар како суперѕвезда на ПСЖ е меѓу најплатените фудбалери во светот, со годишна плата од околу 37 милиони евра. Во неа не се пресметани бонусите кои бразилскиот офанзивец ги инкасира, а еден е доста посебен и можеби единствен во фудбалот.

Имено, Нејмар инкасира дополнителни 541 илјада евра неделно за да биде учтив и љубезен кон навивачите на ПСЖ. Тоа подразбира да ги поздравува за време на натпреварите, односно секогаш да им биде на располагање кога ќе побараат автограм од него.

Во овој бонус е вклучен уште еден услов, а тоа е дека Нејмар не смее да ги критикува перформансите на екипата по евентуален загубен натпревар, ниту лошите настапи на своите соиграчи.

Инаку, Нејмар во својата дебитантска сезона на „Паркот на принцовите“ инкасира вкупно 400 милиони евра, додека сé уште е рекорден трансфер во историјата на фудбалот со 222 милиони евра како сума која ПСЖ ја плати за да го отсели од „Камп ноу“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести