Нејмар навистина планира да се врати во Барселона: Со ефектен гол донесе победа за Сантос (Видео)

Нејмар веќе одигра седум меча во дресот на Сантос, а екипата има четири победи во серија, откако во четвртфиналето од плејофот го совлада и Брагантино со 2-0. Ефектот на Нејмар на последните четири меча е три гола и три асистенции, па се чини дека Бразилецот навистина е решен да се врати во европскиот фудбал, и тоа во дресот на Барселона, како што се најавува дека е неговата желба.

На дуелот против Брагантино, Нејмар се запиша во листата со стрелците во деветтата минута, и тоа со ефектен гол директно од слободен удар. По голот од корнер, нова мајсторија на Бразилецот во татковината, каде што ја бара препознатливата форма по неуспешната авантура во Ал-Хилал.

- Оглас -

Најнови вести