Нејмар беше разочаран откако со Бразил не успеа да го одбрани тронот на Копа Америка, но и второто место е утеха за еден од најдобрите фудбалери во светот. По завршување на континенталниот турнир, капитенот на бразилската репрезентација доби неколкудневен одмор, па реши да направи нов експеримент со фризурата.
На последната фотографија, Нејмар се пофали дека има вградено плетенки, со кои изгледа навистина чудно.
„Го замолив Нејмар да ми каже точно каква фризура сака и му направивме нешто сосема автентично. Третманот беше професионален, а Нејмар беше задоволен“, вели Нанда, која е заслужна за новата фризура на Нејмар.
O novo cabelo do Neymar. pic.twitter.com/tyj7W8VnJr
— neymar jr deprê (@neymarjrdepre) July 15, 2021