Нејмар не игра ни на денешниот меч за ПСЖ

Пари Сен Жермен попладнево игра пријателски меч против Нирнберг, а во составот од 23 играчи кои отпатуваа за Германија, повторно го нема Нејмар. Бразилецот беше казнет со речиси 400.000 евра поради тоа што не се појави навреме за подготовките на новата сезона. Нејмар не само што не сака да тренинра, тој воопшто веќе не сака да го облече дресот на францускиот првак.

Првата ѕвезда на тимот е убеден дека е дојдено време да си замине од „Паркот на принцовите“. Негова желба е да се врати во Барселона, од каде пред две години си замина за рекордни 222 милиони евра.

Ова е листата на 23 играчи кои ПСЖ ќе ги има на располагање за мечот против Нирнберг.

 

- Оглас -

Најнови вести