Бразилскиот фудбалер Нејмар се најде во непријатна ситуција во неделата вечерта, кога во Париз температурата беше многу ниска и вееше снег. При излегувањето од домот на Кевин Трап, Нејмар не можеше да си влезе во своето „ферари“ вредно 300.000 евра затоа што не можеше да ја отклучи бравата.
Сопругата на Тијаго Силва, Беле, ја сними оваа бизарна ситуација и видеото експресно стана вирален хит. На видеото се гледа како Нејмар се обидува да ги стопли батериите во далечинското со кое би ја отворил бравата. На крајот, Бразилецот се доближил до колата и вратата сепак се отворила.
https://twitter.com/i/status/1186173939007004674