Нејмар не сака да си оди од ПСЖ пред да ја освои Лигата на шампионите со овој клуб

ПСЖ сака да се ослободи од скапиот Нејмар, со кого има договор до 2025 година, но Бразилецот одбива да си замине од Париз.

Нејмар, кој во 2017 година од Барселона премина во Париз со трансфер од 222 милиони евра, кој е светски рекорд, сака да ја освои Лигата на шампионите со Светците, па дури потоа би размислувал за напуштање.

Некогашниот агент на Нејмар, Вагнер Рибеиро, добро го познава Неј и тврди дека сонот му е да ја освои ЛШ со парижаните.

„Нејмар има сон да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ. И покрај сите шпекулации за можно заминување, тој е многу мотивиран и нема да се откаже додека не ја оствари целта“, вели агентот Рибеиро.

- Оглас -

Најнови вести