Нејмар не се откажува: Се надевам дека еден ден ќе го остварам мојот сон!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар летово реши да го напушти Пари Сен Жермен и кариерата ја продолжи во Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Со оваа одлука, Нејмар се одлучи да ги прифати парите, отколку активното играње квалитетен фудбал во Европа. И покрај тоа што нема да игра во Европа, Нејмар вели дека верува во остварување на неговиот сон.

„Очигледно е дека и понатаму се надевам и верувам дека еден ден ќе го остварам мојот сон, а тоа е да го освојам Светското првенство со Бразил. Во Бразил имаме човек кој е наш најголем идол, еден од најголемите. Мислам на Зико, кој никогаш не бил светски првак. Тоа не ја намалува неговата вредност што ја имал како фудбалер. Истото е и за мене“, вели Нејмар, кој додаде дека сака кариерата да ја заврши во родната земја.

Нејмар досега одигра 124 меча за селекцијата на Бразил во кои постигна 77 голови.  Во Ал-Хилал Нејмар ќе заработува 100 милиони евра по сезона и е трет најскапоплатен фудбалер, веднаш зад Кристијано Роналдо и Карим Бензема, кои истотака играат во Саудиска Арабија и тоа за сума од 200 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести