Францускиот првак Пари Сен Жермен за денеска ја имаше закажано првата прозивка на играчите. На закажаниот термин во закажаното време единствено без образложение не се појави Нејмар. Бразилецот со овој потег само потврдува дека не е заинтересиран во новата сезона да го носи дресот на Светците.
Челниците на ПСЖ најавија дека поради ваквиот потег на Бразилецот, ќе следува казна.
„Констатирано е дека играчот Нејмар Јуниор не се појавил на закажаното место во предвиденото време, а воопшто не ни пријавил дека ќе отсуствува. Поради ваквата ситуација, ПСЖ е принуден да преземе соодветни санкции за овој прекршок“, стои во соопштението на францускиот првак.
Нејмар најави дека направил грешка што дошол во ПСЖ и дека треба повторно да се врати во Барселона. Бразилецот дури ги има договорено и личните услови со каталонскиот гигант за негово враќање на „Камп ноу“, но сепак ПСЖ треба да се согласи да го продаде.