36.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Нејмар нема да игра ниту на реваншот против Барселона?

Најголемата ѕвезда на францускиот првак ПСЖ, Бразилецот Нејмар, можеби и нема да закрепне до реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Барселона, пишуваат некои француски медиуми. Иако Нејмар се појавува во тренинг-центарот и работи одделно од екипата, а и тренерот Маурисио Покетино беше задоволен од состојбата, сепак, тимот можеби нема да може да смета на него.

ПСЖ и без Нејмар ја победи Барса со 4-1, и тоа на „Камп ноу“ и ако има некаков ризик од можно обновување на повредата, тој нема да игра ниту на реваншот во Париз против неговиот некогашен клуб. Нејмар се повреди на почетокот на февруари, на мечот од Купот против Каен.

Сезонава Нејмар има 13 гола и 6 асистенции на 18 настапи. Речиси сигурно е дека нема да игра на мечевите кои се пред дуелот со Барселона, па Покетино ќе треба да реши дали на толку важен меч му треба играч кој не е во натпреварувачки ритам, макар тоа бил и Нејмар.

ПСЖ – Барса се игра на 10 март, а еден ден подоцна е роденденот на сестрата на Нејмар. Познато е дека Бразилецот речиси никогаш не игра во деновите околу 11 март и секогаш е присутен на роденденските забави на сестра му.

- Оглас -

Најнови вести