Нејмар нема да игра против Баерн, од 2017 е во ПСЖ, а целосно одиграл само две осминфиналиња во ЛШ

Пари Сен Жермен утре против Нант нема да го има на располагање Бразилецот Нејмар, а повредениот Неј нема да игра ниту на реванш-дуелот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен в среда на 8 март.

Освен тоа, Нејмар не е вклучен ниту на листата на селекцијата на Бразил за пријателскиот меч со Мароко на 25 март.

Познато е дека Нејмар уште од времето кога играше во Барселона, често се повредуваше во првата половина на март, кога е роденденот на сестра му, а таа „традиција“ продолжи и по неговиот трансфер во ПСЖ во летото 2017 година.

Од сезоната 2017/2018 наваму, парижаните редовно се осминафиналисти во ЛШ, а Нејмар само двапати ги играше двата меча од осминафиналето, кое обично се игра на крајот на февруари и почетокот на март, а двапати не играше ниту дома ниту на гости. Годинава Нејмар настапи на првиот меч против Баерн, но ќе го нема на реваншот, исто како и во минатата сезона во осминафиналната рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести