Нејмар нема да се пензионира во Сантос, ќе прави трансфер во МЛС лигата?!

По неуспешната авантура во Саудиска Арабија се чинеше дека Нејмар ќе ја заврши кариерата во матичниот клуб, Сантос, но најверојатно тоа нема да се случи. Најавите од Бразил се дека ѕвездата има конфликт со претседателот на клубот, па веќе преговара за трансфер во МЛС лигата, кој може да се случи веќе летово.

Договорот на Нејмар со Сантос е со важност до крајот на оваа календарска година, а интерес за него има од екипата на Синсинати, па нема да биде изненадување доколку летово Бразилецот се пресели во САД.

Прашање кое се поставува во моментов е дали Сантос е подготвен да му го раскине договорот или ќе бараат обесштетување, но јасно е дека Американците немаат намера да платат за да го ангажираат, туку сакаат да го доведат бесплатно.

Нејмар по враќањето во Сантос одигра 34 натпревари, на кои постигна 14 гола, но и во татковината го мачеа повредите кои превреме ја завршија неговата авантура во Саудиска Арабија. Како член на Ал-Хилал настапи на само седум натпревари и постигна еден гол.

- Оглас -

Најнови вести