Нејмар: Никогаш не помислив на елиминација

Во отсуство на Мбапе и Ди Марија, секако дека најголемиот товар се префрли на Нејмар да биде клучниот фактор против Аталанта со кој ПСЖ ќе обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Најскапиот фудбалер во светот немаше среќа во своите обиди да ја направи разликата на теренот, а ги имаше доста.

Сепак, во вистински момент му асистираше на Маркињос за израмнување на 1-1, а бидејќи најчесто се наоѓаше во шанси, по средбата Нејмар го прогласија за МВП на мечот, награда која подоцна му ја даде на Чупо-Мотинг по победничкиот гол за 2-1.

„Никогаш не помислив на елиминација. Ништо не може да ме спречи во замислата дека ќе стигнеме до финалето. Беше многу тешко против Аталанта, но во ниту еден момент не помислив дека тука ќе заврши нашиот настап“, посочи Нејмар по драмата во Лисабон.

ПСЖ се најде во полуфиналето од Лигата на шампионите за првпат по пауза од 20 години, а противник во битката за пласман во големото финале ќе им биде подобриот од дуелот Лајпциг – Атлетико Мадрид.

https://twitter.com/PSG_inside/status/1293662589638107136

- Оглас -

Најнови вести