Најдобриот бразилски фудбалер и прва ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар, објави дека веќе нема корона-вирус и дека ќе почне да тренира. Ова е одлична вест за францускиот шампион, кој без своите клучни играчи во нападот и на голот кои имаат корона-вирус, загуби од Ленс, па камбекот на ѕвездите, од кои прв ќе биде Нејмар, добро ќе му дојде на тренерот Томас Тухел, кој одвај состави екипа за дуелот со Ленс.
За Нејмар пред девет дена беше објавено дека е позитивен, а најновите тестови покажале дека е негативен и сега тој може да се вклучи во работата на тимот.