Капитенот на бразилската репрезентација Нејмар е пред нов голем предизвик, откако повторно заработи сериозна повреда. Нејмар во кариерата имаше неколку посериозни повреди, а сега повторно е во ситуација да се рехабилитира и да проба да се врати на врвно ниво на теренот.
Дуелот меѓу Бразил и Уругвај беше кобен за Нејмар. Во еден дуел, Бразилецот лошо згазна, падна на тревата и веднаш почна да сигнализира дека се работи за сериозна повреда.
Neymar stretchered off in tears after an injury nearing halftime of Uruguay-Brazil.
This was the play that took Neymar out.
He was later seen hobbling to the locker room helped by someone. pic.twitter.com/iHmSHR4gUb
— Nico Cantor (@Nicocantor1) October 18, 2023
Лекарските прегледи покажаа дека Нејмар ги има скинато вкрстените лигаменти на левото колено, која е една од најсериозните фудбалски повреди и мора да има операција, а потоа следува и долг процес на закрепнување.
Проценките се дека Нејмар нема да може да игра во период од шест до девет месеци, што значи дека за него сезоната е завршена. Бразилецот пред два месеци потпиша за Ал Хилал во Саудиска Арабија и тоа договор според кој ќе заработи 500 милиони долари за две години. Оваа сезона одигра само неколку меча за Ал Хилал, а сега е на долга и болна рехабилитација, според видеото кое Нејмар го објави, а се гледа како офка, плаче, се жали и го моли Бога да не боли толку многу.
Откако дојде во Европа, Нејмар вкупно имал 28 повреди, а додека беше дел од ПСЖ, во периодот од 2017 до 2023 година поради повреди пропушти дури 741 ден.
O indisciplinado, não se cuida, não liga pra recuperação.
Tristeza imensa. Volte logo, gênio.pic.twitter.com/ZTgpJtjU0t
— Dinizista (@Dinizista_) November 24, 2023