ПСЖ ги испушти првите бодови во Лига 1 по ремито од 1-1 против Монако во дербито од четвртото коло во Лига 1. По трите убедливи победи во кои Светците постигнаа 17 гола, вечерва кикснаа пред своја публика, а Нејмар беше човекот кој мораше да го спасува францускиот шампион од пораз.
Кнезовите поведоа по 20 минути игра, откако Фоланд беше пребрз за Кимпембе и контранападот го претвори во водечки гол за Монако.
ПСЖ од тој момент тргна фуриозно, направи опсада пред голот на Нубел, но не можеше да ја пробие цврстата одбрана на Монако. Домаќините добија помош на нешто повеќе од еден час игра, ВАР и судијата Бастиен долго се двоумеа дали имаше контакт врз Нејмар доволен за најстрога казна, а по одлуката да се досуди пенал, Бразилецот со својот шести гол сезонава го спаси ПСЖ од пораз.