12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Нејмар од јануари ќе биде соиграч со македонски репрезентативец!?

Нејмар е еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, но Бразилецот веќе подолг период го нема во листата на најдобрите. Поради честите повреди, потоа желбата за ноќни излегувања и забави, Нејмар многу падна во формата и е само бледа сенка од тоа што беше во неговите „златни години“, додека играше за Барселона и Пари Сен Жермен.

Нејмар моментално е дел од тимот на Сантос во родниот Бразил, но веќе подолг период е надвор од теренот поради разни повреди. Првичната причина за враќањето на Нејмар во Бразил беше да може да заигра во тим каде ќе ја врати старата форма и да се обиде да се избори за место во националниот тим пред настапот на Светското првенство 2026 година.

Според најновите пишувања на „Ла Газета“, Бразилецот може да направи трансфер во јануарскиот преоден рок. Се шпекулира дека Наполи може да биде негова следна дестинација.

Актуелниот италијански првак во тимот како главна ѕвезда го има Кевин де Бројне, но сигурно дека од маркетиншки аспект, доаѓањето на Нејмар би било вистински погодок. Во Наполи игра и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, што значи може да се случи за некој месец тој да биде соиграч со Нејмар.

По шест кола, Наполи е лидер на табелата во Серија А со 15 бодови. Тимот има само еден пораз, тој од Милан во дербито. По завршување на репрезентативната пауза, Наполи ќе го чека дуел против Торино, а потоа ќе патува и во Ајндховен на пресметка против ПСВ во рамките од третото коло во Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести