Првенството во Бразил продолжува по Светското клупско првенство, но Нејмар потпиша договор со Сантос само до крајот на јуни, кога завршува сезоната во Европа, па сите очекуваа дека тој ќе се врати на Стариот Континент.
Сепак, Бразилецот не се изнаигра во Сантос, па настапи само на 14 натпревари, а повеќе беше надвор од терените поради повреда отколку на нив. Бразилските медиуми откриваат дека раководството на клубот веќе постигнало договор со таткото на Нејмар, кој воедно и го застапува, и тој ќе го продолжи договорот на уште една сезона откако стана јасно дека нема да се врати во Европа.
Нејмар многупати изјави дека желбата му е да се врати во Барселона, но во моментов е далеку од такво нешто.