2.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Нејмар опериран, познато е кога би се вратил на фудбалските терени

Напаѓачот на Сантос и најдобар стрелец во историјата на бразилската репрезентација, Нејмар, имаше операција на менискуот на коленото.

Нејмар, кој има 33 години, го заврши бразилското првенство со оштетен менискус на левото колено, повреда заработена кон крајот на ноември. Операцијата беше успешна, а Нејмар наскоро ќе го започне процесот на закрепнување.

Процедурата, која траела околу 1 час и 30 минути, ја спроведе д-р Родриго Ласмар, доктор на бразилската репрезентација, во болница во Бело Хоризонте. Се очекува Нејмар денеска да биде отпуштен од болница и да се качи на својот приватен авион со кој ќе одлета за Сао Паоло.

Лекарите велат дека Нејмар би требало да биде подготвен за играње официјални натпревари на почетокот на февруари.

 

- Оглас -

Најнови вести