Нејмар откри што им кажа на противничките навивачи пред да го изведе корнерот од којшто даде гол (Видео)

Нејмар со две асистенции и гол директно од корнер беше најзаслужниот за победата на Сантос на гостински терен против Интер де Лимеира, но големо внимание на овој меч привлече однесувањето на домашните навивачи. Тие постојано го провоцираа Нејмар, а тој дури неколку пати им зборуваше нешто.

По мечот за бразилските медиуми откри и што точно им кажал.

„Одев да го изведам првиот корнер, а тие ме провоцираа. Побарав од нив да пејат погласно, ја зедов топката и асистирав. Потоа вториот пат кога отидов таму, повторно ме провоцираа. Им реков, сега јас сум тој што ќе даде гол. Погодив одлично и го постигнав мојот прв гол во кариерата директно од корнер“, рече Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести