Речиси по една и пол деценија играње надвор од Бразил, Нејмар неодамна се врати во матичниот клуб Сантос. Нејмар најубавиот период од кариерата го помина во дресот на Барселона, а потоа го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, кога замина во Пари Сен Жермен.
Од ПСЖ се пресели во Саудиска Арабија во тимот на Ал-Хилал, каде што одигра само неколку меча, а потоа се врати во Бразил. На едно гостување на поткаст Нејмар откри дека имал понуди да потпише за Реал Мадрид и за Баерн Минхен.
„Од Реал Мадрид добив бланко-чек и ми рекоа да ја напишам мојата цена. Сепак, не можев да го одберам Реал Мадрид. Роналдињо играше во Барселона, тоа беше мојата цел, да го обечам дресот на Барселона“, раскажува Нејмар.
Во Барселона работеше под водство на Пеп Гвардиола, а кога тренерот направи трансфер во Баерн Минхен, добил понуда да замине во германскиот гигант.
„Една вечер во два часот наутро дојде татко ми. Бев во боксерици, а се конектирав со Пеп Гвардиола и преговаравме за трансфер во Баерн Минхен. Сепак, не прифатив“, открива Нејмар.