18.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Нејмар плачел кога дознал дека останува во ПСЖ

Залудни беа сите обиди на Нејмар да си замине од Пари Сен Жермен и да се врати во Барселона, клубот во кој има само добри спомени. Бразилецот цело лето се обидуваше да направи трансфер и да си замине од францускиот првак, но сепак, Светците не дозволија толку лесно да го пуштат играчот кој само пред две лета го платија рекордни 222 милиони евра.

Нејмар инсистираше да си замине, но ПСЖ бараше соодветна финансиска компензација за предвремено раскинување на договорот, но ниту еден клуб немаше толку пари за да го откупи еден од најдобрите фудбалери во светот. Барселона понуди неколку опции во кои, покрај пари, беа вклучени и фудбалери, но ПСЖ одби да добие играчи за да го пушти Нејмар.

Со завршување на преодниот рок, стана јасно дека Нејмар најмалку уште четири месеци ќе остане во ПСЖ. Дел од медиумите пишуваат дека кога Нејмар дознал дека останува во ПСЖ, почнал гласно да плаче. Следната негова шанса за заминување ќе биде зимскиот преоден рок, кој започнува во јануари 2020 година.

https://twitter.com/FootballGCClive/status/1168827931801595904

 

- Оглас -

Најнови вести