23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Нејмар по стапките на Меси и Мбапе, летово ќе си оди од ПСЖ

По шест години поминати во Пари Сен Жермен, Нејмар е подготвен да си замине од клубот. Според најавите, Бразилецот е решен летово да го смени клупскиот дрес и да се врати во Барселона.

Нејмар го тргнал описот „играчот на ПСЖ“ на својот официјален Инстаграм профил, што дополнително ги загреа шпекулациите за неговото заминување. Бразилецот во последните неколку месеци имаше големи проблеми со навивачите на ПСЖ кои дури протестираа и пред неговата куќа и бараа тој да си замине.

Сега е многу веројатно дека Нејмар ќе им го исполни ова барање на фановите на Светците, а најавите се дека тој ќе се врати во Барселона, клубот од каде за рекордна сума од 222 милиони евра направи трансфер во ПСЖ.

Доколку се случи и Нејмар и Мбапе да си заминат од ПСЖ, францускиот првак за само едно лето ќе остане без трите најголеми ѕвезди. Меси веќе направи трансфер во Интер Мајами, Мбапе е на пат кон Реал Мадрид, а сега Нејмар е најблиску до враќање во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести