10.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Нејмар по три и пол месеци постигна гол, но Сантос не успеа да победи (Видео)

Нејмар на почетокот на месецов се врати од повредата и веќе одигра четири натпревари за Сантос, а синоќа го постигна и првиот гол по пауза од три и пол месеци.

Бразилската ѕвезда потсети на најдобрите денови, па претрча повеќе од половина терен во контра, а на крајот рутински реализира во четвртата минута за водство на Сантос. Сепак, на крајот тоа не беше доволно за победа бидејќи Мирасол израмни со гол од пенал во 60-тата минута преку Реиналдо, па конечниот резултат на семафорот гласеше 1-1.

Сепак, голот на Нејмар е одлична најава за Бразилците, кои се надеваат дека тој ќе биде подготвен за Светското првенство и во посакуваната форма, а Карло Анчелоти ќе го повика.

- Оглас -

Најнови вести