Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, денес за првпат се појави на тренингот на ПСЖ по повредата на глуждот од десната нога која ја заработи кон крајот на јануари. Бразилецот неколку дена тренираше сам без многу напор, а веќе од денес се стави на располагање кај тренерот Тухел.
„Кам-бекот“ е најавен на 27 април, Нејмар ќе се врати на терените за финалето од Купот на Франција, дуел во кој „светците“ ќе го бранат пехарот против Рен.
Тешката повреда го онезовможи најскапиот фудбалер на светот да игра против Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите, двомеч по кој ПСЖ претрпе нова елиминација и неуспех во континенталниот шампионат.
https://twitter.com/PSG_English/status/1116289719623651328
Пред повредата, Нејмар настапи вкупно на 23 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, на кои оствари учинок од 20 погодоци и 11 асистенции.