Нејмар не беше дел од составот на Сантос за полуфиналниот меч од Палиста првенството на Бразил, а причина за тоа е како што наведе тренерот, мала повреда која ја почувствувал на претходниот меч.
Сепак, Нејмар беше забележан на карневалот во Рио де Жанеиро, а јавноста веднаш започна да шпекулира дека тој ја одглумил повредата за да присуствува на роденденот на неговата сестра.
Веќе стана традиција Нејмар да не игра во деновите пред роденденот на сестра му, а тоа се случи во 10 од последните 11 години.