Му помина желбата да се врати на „Камп Ноу“: Нејмар повторно ја тужи Барселона

Чудна е оваа ситуација, Нејмар сака да се врати во Барселона, а напоредно води „војна“ со шпанскиот гигант на суд. Ѕвездата на ПСЖ повторно го тужи првакот на Шпанија поради неисплатени плати од неговата последна година на „Камп ноу“.

Според Нејмар, Барселона му должи околу 3,5 милиони евра и нема намера да се откаже од сумата, а веќе долго време се разрешува целиот случај. Наводно, спорот можеше да се заврши без последици доколку ПСЖ го пуштеше најскапиот фудбалер во светот да се врати во Барса изминатово лето, но тој трансфер не се случи. Нејмар беше подготвен да ги повлече сите тужби доколку повторно заигра за клубот каде што прерасна во ѕвезда каква што е денес.

Сега сам си го закомплицира планираното враќање во Каталонија, очигледно поважни му се парите.

 

- Оглас -

Најнови вести