Нејмар повторно ќе игра заедно со Меси

Бразилскиот репрезентативец Нејмар, неславно ја заврши одисејата во Саудиска Арабија, поради тешка повреда на лигаментите на коленото, сезоната ја заврши уште во октомври минатата година, и следна дестинација во кариерата сака да му биде Интер Мајами каде повторно би играл заедно со Лионел Меси.

Нејмар моментно се опоравува од операцијата во Бразил, а медиумите пишуваат дека наскоро ќе го раскине договорот со Ал-Хилал и ќе ја продолжи кариерата таму каде што „го влече срцето“, МЛС-лигата и Интер Мајами.

Тој воопшто не крие дека со задоволство би им се приклучил на поранешните соиграчи, Лионел Меси, Луис Суарес, Серхио Бускетс и Жорди Алба во Интер Мајами.

„Се надевам дека повторно ќе играме заедно. Лео е прекрасна личност, мислам дека е среќен во Мајами, па и јас сум среќен поради него“, изјави Нејмар кој со Меси, освен во Барселона, играше заедно и во ПСЖ.

Нејмар минатото лето потпиша двегодишен договор со Ал-Хилал за годишна плата од 200 милиони евра, но одигра само пет меча и постигна само еден гол пред да доживее тешка повреда која најверојатно ќе му овозможи предвремен раскин на договорот.

- Оглас -

Најнови вести