Во Пари Сен Жермен со задоволство би се ослободиле од скапиот Нејмар доколку најдат клуб во кој би го продале или позајмиле, а има информации дека повторно бил понуден на Барселона.
Нејмар во 2017 година за рекорден трансфер од 222 милиони евра од Барса прејде во ПСЖ, а има опција летово да се врати во Каталонија, но засега нема ништо од тоа. „Ел Мундо депортиво“ кој е каталонски весник и близок со Барса, објави дека тренерот Чави кој има играно заедно со Нејмар, го почитува Неј, смета дека е одличен играч, но не му треба во сегашниот тим и не сака да ризикува уништување на позитивната атмосфера во соблекувалната, па изненадување би било ако го ангажираат повторно.
Нејмар од Инстаграм ја избриша информацијата дека е играч на ПСЖ, што може да биде сигнал дека летово навистина ќе си замине. Во меѓувреме, тој е на мини одмор на Ибица, а таму се дружеше и со Милитао и Винисиус, неговите репрезентативни колеги и фудбалери на Реал Мадрид, најлутиот ривал на Барселона.