ПСЖ вчера се избламира во финалето од Купот на Франција, откако Рен им го украде трофејот во пенал-рулетот и останаа без двојна круна. Ѕвездата на „светците“ и воедно најскапиот фудбалер на светот, направи нова глупост поради која може да биде казнет.
На денот кога УЕФА му одреди три меча суспензија во европските натпреварувања поради навредите кон официјалните лица по двомечот со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, Бразилецот е „фатен“ во кадар во кој јасно се гледа како удира еден навивач пред да се упати кон трибините каде требаше да му биде доделена утешната награда.
Вакво непрофесионално однесување не е во полза на Нејмар, особено што тој е заштитно лице на „светците“ и еден од најдобрите фудбалери во светот.
https://twitter.com/SweeperWriter/status/1122340573367558144?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1122340573367558144&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fnejmar-u-novoj-nevolji-udario-navijaca-374664.html