Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар беше исвиркан на тениски турнир во Саудиска Арабија, каде што 32-годишниот играч се ближи до враќање на теренот по долга рехабилитација од повреда. Тој пристигна во Саудиска Арабија минатото лето, кога потпиша со Ал-Хилал, заработувајќи околу 100 милиони евра годишно, но досега настапи само на три натпревари.
Legends meet in Riyadh 🔥
— SPORF (@Sporf) October 18, 2024
Nadal gifted his racquet to Neymar, while Neymar presented Alcaraz with his shoes after the Six Kings Slam Semi-Finals 🎾 pic.twitter.com/EpxxVVkIXG
На ревијалниот турнир во Ријад, каде што учествуваа најдобрите тенисери, Нејмар беше исвиркан од публиката кога се појави на теренот.
Фановите скандираа „Роналдо, Роналдо“, покажувајќи поддршка за Португалецот, кој исто така игра во Саудиска Арабија.
Нејмар се сретна со Рафаел Надал и со Карлос Алкарас, покажувајќи ја својата присутност на спортски настани, каде што често е во центарот на вниманието, дури и додека е повреден.