Екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија откако не успеа да го убеди Лео Меси да се пресели во нивниот клуб, сега своите погледи ги насочува кон бразилската ѕвезда и член на ПСЖ, Нејмар.
Тие се подготвени да му платат 45 милиони евра обесштетување на ПСЖ, а на Нејмар му нудат плата од 200 милиони евра по сезона. Според Си-би-ес, преговорите помеѓу Ал-Хилал и менаџерската екипа на Нејмар се веќе започнати и многу брзо се очекува конечниот одговор на фудбалерот.
Јавна тајна е дека Нејмар е незадоволен во ПСЖ и дека сака да си замине, но дали ќе одлучи да остане во Европа или ќе ги прифати арапските милиони, останува да видиме во следниот период.