Бразилскиот репрезентативец Нејмар не е премногу загрижен поради поразот на ПСЖ со 0:1 од Баерн Минхен во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и по мечот, тој ги покажа своите вештини во покер.
Нејмар учествуваше на европскиот „Покер тур“ во Париз, а потоа играше и на турнирот „Мистери Баунти “, каде што влогот од секој играч изнесува 10.000 евра, а во него учествуваат најдогрите покер играчи на светот.
Ова не е прв пат Нејмар да учествува на турнири во покер, тој досега неколку пати беше дел од европскиот „Покер тур“ и ја продолжи традицијата најдобрите бразилски фудбалери да бидат дел од вакви настани. Редовен учесник на турнирите во покер е и легендарниот Роналдо, а неколку пати на вакви турнири настапи и Ромарио.