Фудбалот во Франција е далеку од враќање, сезонава е прекината и завршена, па Бразилецот Нејмар, кој е фудбалер на првакот ПСЖ, се занимава со други активности за да си го потроши слободното време. Ѕвездата на париските Светци се појави на еден турнир во онлајн покер и според резултатот кој го постигна, можеби треба да размисли за покер кариера како план Б по пензионирањето во фудбалот.
Нејмар им одржа лекција на противниците. Тој имаше почетен влог од 20 евра, а на крајот си замина со освоени 2.300 евра.
Популарниот Неј ја претстави и својата покер тетоважа на ногата, со две дами и џандари, плус еден поп, а под картите има чипови за рулет.