Нејмар: Сакам со Меси во ПСЖ да испишеме историја како во Барселона

По доаѓањето на Лионел Меси во Пари Сен Жермен, францускиот гигант стана главен фаворит за освојување на трофеите во сите натпреварувања во коишто игра. Нејмар, кој веќе пет сезони е дел од Светците, верува дека токму доаѓањето на Меси во тимот е алката која фалела во изминатиов период.

„Многу сум среќен што Меси е во ПСЖ. Тој не само што е идол и ѕвезда, тој е и одличен пријател, но и гениј. Кога имаш пријатели покрај себе, тогаш секогаш е поубаво. Сакам заедно да испишеме историја како што направивме во Барселона“, вели Нејмар.

Бразилецот вели дека ПСЖ има одличен тим, а посебно издвојува неколку играчи. „Секако дека покрај мене е и Лео, тука е и Килијан Мбапе, како и Марко Верати. Мбапе е млад и брз играч. Тој е чудесен. Верати е одличен играч. Тој е еден од најдобрите играчи во средината на теренот и со коишто сум играл, заедно со Иниеста и Чави“, додаде Нејмар.

 

- Оглас -

Најнови вести