Синоќа на полноќ заврши преодниот рок во Саудиска Арабија, клубовите од таа земја летово потрошија речиси една милијарда евра за засилувања (втори се во светот зад англиската Премиер лига), но тоа е само за отштета, а сумите за плати на играчите се астрономски.
Најголема отштета е платена за Нејмар, 90 милиони евра, а летово голем број ѕвезди се преселија во саудиските клубови. Најмногу пари потроши Ал Хилал, клубот на Нејмар, а Бразилецот кој дојде од Пари Сен Жермен, уште нема играно во саудиската лига, но има високо мислење за неа.
„Кога ќе видите кои ѕвезди се во моментов во Саудиска Арабија, не знам, можеби оваа лига е посилна од француската“ – рече Нејмар.