Нејмар се мешаше во претседателската кампања, па сега ќе трпи последици (Видео)

Тесната победа на Лула против Жаир Болсонаро на претседателските избори во Бразил го разочара Нејмар, кој отворено лобираше за Болсонаро и учествуваше во неговата кампања.

Нејмар најавуваше и дека првиот гол што ќе го даде на Мундијалот во Катар ќе му го посвети на Болсонаро.

Според Нејмар, ова биле најважни избори бидејќи се судирале две сосема различни проекти за иднината на Бразил. Фаворитот на Нејмар загуби, а ѕвездата на ПСЖ и Кариоките објави фотографија со бразилското знаме со барање за помош од Господ.

Во минатото, кога Лула исто така ја вршеше претседателската функција, Нејмар беше близок со него, се фотографираа заедно.

Лула изјави дека не му се лути на Нејмар што го поддржал Болсонаро и додаде дека смета дека поддршката на Неј и неговиот татко за Болсонаро е за да му биде простен данокот кој го нема платено.

Утрово откако стана јасно дека победник е Лула, неговите гласачи не заборавија да го поздрават Нејмар со песната: „Еј Нејмар, ќе мора да го пријавиш (данокот)“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести