Лелекот на Нејмар и изнесувањето на Бразилецот на носилки го одбележа синоќешниот меч на Пари Сен Жермен, кој загуби од Олимпик Лион на „Паркот на принцовите“. Првично најавите беа дека повредата е страшна, но денеска стигнаа првите позитивни вести.
Од ПСЖ открија дека првите медицински прегледи покажале дека Нејмар нема скршеница на глуждот и дека рехабилитацијата треба да трае помалку од еден месец. Првата реакција на Бразилецот беше дека е среќен што не е посериозна повредата.
„Можеше да биде многу полошо, но уште еднаш Господ ме спаси од посериозна повреда. Мојот вресок беше од болка, од очај, од страв дека морам повторно да одам на операција и од сите ужасни спомени од претходните повреди. Се надевам дека ќе закрепнам и за брзо време ќе се вратам на теренот“, порача Нејмар.
Опасниот старт и повредата на Нејмар може да ја погледнете ТУКА.